недела, 12 април 2026
Средба Срефановска-Спахиу

Семејните врски се нераскинлив дел од туристичката посета на Албанците на Македонија

Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, предводени од директорката Билјана Стефаноска,  денеска остварија работна средба со Љуфтим Спахиу, вршителот на должноста амбасадор, во просториите на македонската амбасада во Тирана за време на одржувањето на Саемот за туризам во Албанија каде што е претставена македонската туристичка понуда.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговарало за заедничката промоција и зголемената побарувачка за македонските туристички дестинации од страна на потенцијалните албански туристи.

Оценето е дека албанските туристи го посетуваат охридското крајбрежје, мавровско –  дебарскиот крај и културните знаменитости на регионот, но и семејните врски се нераскинлив дел од посетата.

„Ставот на инволвираните туристички професионалци од регионот е дециден, само со приоретизирање на одржливоста, регионот може да поттикне меѓусебната поврзаност, подобрување на глобалната привлечност и безбедна долгорочна одржливост на конкурентниот пазар“, објави Македонската амбасада.

Македонската туристичка понуда е дел од Саемот за туризам и патувања што се одржува во Тирана, Албанија.

Како што посочуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, саемското претставување отвара можности за регионална туристичка и бизнис-поврзаност на земјите од Западен Балкан, како брзорастечки туристички пазар за светските патувачи.

„Одлично место за промоција и зголемена видливост на дестинациите, кои нудат уникатни идеи за патување. На одржаните состаноци и средбите со туристичкиот сектор на Албанија и регионот, Агенцијата за туризам има можност да формира нови партнерства, да се продлабочи соработката со веќе постоечките, и да се дознае за иновациите, технологиите и стратегиите што го обликуваат туризмот во 2025 година“, пишува во објавата од Агенцијата.

Инаку, во фокусот на годинешниот Саем во Албанија е ставен одржливиот социо-економски и еколошки напредок.

Со растот на побарувачката за еколошки и културно одговорни патувања, Западниот Балкан е уникатно позициониран да стане водечка дестинација за одржлив туризам.

„За да се постигне ова е потребно зајакнување на партнерствата, промовирање на еколошки иницијативи и зачувување на културата. Потребно е усвојување на глобалните стандарди, усогласени со европските и меѓународните одржливи туристички сертификати со обезбедување поддршка од ЕУ“, додаваат од Агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ