недела, 8 февруари 2026

Села свика партиско собрание на неговата Алијанса за Албанците

На последниот состанок на претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското собрание, се вели во соопштението на АА на огранкот на Зијадин Села.

Објавено на

часот

Сподели

„Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.

Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, кратко се наведува во соопштението на АА во верзијата на македонски јазик.

Алијанса на Албанците е основана во 2015 година, како политичка партија на десниот центар во Македонија, токму од Зијадин Села. Партијата се подели на две фракции, пред минатогодишните парламентарни избори, а втората фракција ја предводи Арбен Таравари. АА на Села беше во коалиција со ДУИ, но пред дваесетина дена ја напушти и таа коалиција, а нејзините пратеници во Собранието на Македонија веќе дејствуваат како независна група.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ