среда, 18 март 2026

Села реагира на судска одлука, Таравари е слуга на овој заробен систем

Денешната одлука на судскиот систем го потврди она што постојано го кажувавме како партија, е вели во реакцијата на Алијанса за Албанците (АА) на Зијадин Села на одлуката на судот во Тетово со која раководењето на АА му е доделено на Арбен Таравари.

Објавено на

часот

Сподели

„Арбен Таравари е слуга на овој заробен систем кој работи против Албанците и против Алијансата за Албанците. Водевме судска битка убедени во нашите статутарни и законски права, но секогаш свесни дека се соочуваме со систем и важен слуга на овој систем. Како поинаку може да се објасни фактот дека овој процес траеше повеќе од две години, фактот дека предметот беше вратен двапати по ред и беше разгледуван трипати во Основниот суд, преседан што никогаш порано не се случил. Како поинаку може да се објасни фактот дека тетовскиот суд оди против сопствената одлука што ја донесе двапати по ред однапред и оваа одлука се менува токму сега кога Арбен Таравари денес нема ниту половина од членовите и делегатите што ги имаше на почетокот на процесот. Тој немаше ниту тогаш мнозинство, а денес нема ниту половина од малцинството што го имаше тогаш“, вели Зијадин Села во дописот до медиумите.

Според него, има показатели дека судската одлука е донесена според политички влијанија.

„Во последен момент, судијата во Основниот суд во Тетово беше сменет и од Албанец беше назначен Македонец, а бидејќи оваа работа оди кај судија Македонец, се знае кого имаат на нивна услуга. Сето ова докажува дека судската одлука е политичка, тоа е обид за атентат врз албанска политичка партија која со години беше главен фактор на политичката сцена во земјата и моќен бранител на албанската национална кауза. Сега ќе следи последниот чекор од целото ова сценарио, како што предупреди вазалот на овој систем, ребрендирање и исчезнување на скапото и чисто име Алијанса за Албанците. Ова е целта од првиот ден на ова сценарио“, смета Села.

Тој потоа во соопштението вели дека неговата партија нема да се откаже од понатамошни дејства.

„Алијансата за Албанците се активистите, членовите, вистинските борци на каузата, оние кои го зачувале националниот идеал и мисија од нејзиното основање. Денес сме уште помотивирани од кога било да ја продолжиме нашата битка, за Албанците и со Албанците. Ќе ја обжалиме оваа одлука до Апелацискиот суд и ќе ја искористиме секоја можност да се бориме и да го зачуваме нашиот дом кој е основан и изграден со жртвување, но и со крвта, трудот и потта на основачите и активистите, сите оние Албанци со кои ги делиме истите идеали“, наведува Села.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ