среда, 9 јули 2025

Села најави дека Европскиот фронт нема да ги поддржи измените во Законот за правична застапеност

Koaлицијата на ДУИ Европски фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност бидејќи со законот се регулира само злоупотребата што се правеше со „балансерот“, рече на денешната конференција за медиумите пратеникот Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците (АА), дел од коалицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Села рече дека Владата го усвоила предлогот на нетранспарентен начин бидејќи не е објавен никаде, а веќе е официјално изјавено дека е испратен до Венецијанската комисија.

„Ниту како граѓанин, ни пак како пратеник сум информиран во врска со овој закон. Овој закон има големо значење во градење на внатрешната кохезија на земјата. Подготвени сме да седнеме со сите чинители и да разговараме за да се донесе соодветен закон за правична застапеност бидејќи тоа е едно од ретките начела на Уставот, кој не е регулиран со закон, а треба да биде. Законот за правична застапеност е еден од главните столбови на политичкото дејствување на Алијанса за Албанците“, рече Села.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека на владина седница е усвоен предлог-законот за соодветна и правична застапеност. Според него, предлог-законот има јасна цел, администрацијата да биде вистински сервис за сите граѓани, изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ