вторник, 10 февруари 2026

Сеќавање за загинатите во Пулс и хуманост на дело, пожарната во Кочани доби возило од Чешка

Територијалната единица за противпожарна заштита (ТППЕ)- Кочани  денеска доби противпожарно возило – донација од Република Чешка.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за цистерна марка „тетра“, со погон на шест тркала, со висока клиренс пумпа за вода со јачина од 760 кпс и капацитет од 10 тони.

Возилото, на припадниците на Територијалната противпожарна служба од Кочани, им го предаде чешкиот амбасадор во државава Јарослав Лудва.

Амбасадорот Лудва на настанот во кругот на ТППЕ во Кочани, рече дека Република Чешка и нејзиниот народ секогаш биле блиски со македонскиот народ и оти сочуствуваат со болката на луѓето што загубија свои блиски во мартовската  трагедија од мината година.

„Сметавме дека тоа е наша одговорност да ви помогнеме кога беше потребно. Знаеме што значеше оваа трагедија за Кочани, и се обидуваме да помогнеме како во медицинската така и во областа на противпожарната заштита. Јас во вашиот град  не сум прв пат и убеден сум дека со новоизбраниот градоначалник ќе имаме поблиска соработка. Секако дека ова не е моја последна посета на Кочани“, изјави амбасадорот Лудва.

Кочанскиот градоначалник Влатко Грозданов упати благодарност за противпожарното возило, но и за медицинската помош од доктори  од Чешка, кои, како што рече, од првиот момент биле рамо до рамо со лекарите од државава во справувањето со последиците од несреќата во дискотеката Пулс.

На настанот за предавањето на возилото за кочанските пожарникари, присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ