Во изминатите 24 часа, како што велат имало вкупно 1.938 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК од коишто реални биле 58,2, а 41,8 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,95 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 23,59, кон пожарникарите 5,64, а кон АМСМ 0,51 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Имало 819 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од реалните повици и на тие што се именувани како неитни повици. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).