недела, 14 декември 2025

Седум лица се приведени во акцијата на финансиската полиција

Припадници на Управата за финансиска полиција и специјалната полициска единица Тигри утрово во голема акција во Куманово, Липково и Желино приведоа седум лица за кои се бара притвор.

Објавено на

часот

Сподели

Како што дознаваме, во текот на акцијата и претресите по дома не се најдени кеш пари, освен кај едно лице, кај кого биле пронајдени 4.500 евра. На почетокот на акцијата, инпекторите на Финансиската полиција добивале закани за можна употреба на калашникови ако се оди до крај во разоткривањето на криминалот.

Се работи за организирано злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари со купување и продавање на нафта на црно, во кеш. Направен бил ланец од 11 фирми преку кои фиктивно се одвивала купопродажбата со огромни дневни промети, а сѐ одело на црно, во кеш, дознава МКД.мк.

Главен организатор на оваа операција била фирмата „Беса петрол“ која има неколку бензински станици.

Клопчето почнало да се одмотува кога овие фирми со фиктивни фактури почнале да бараат поврат на ДДВ.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ