понеделник, 15 декември 2025

Седум илјади денари повеќе за пензионерите во првата година од Владата, се пофали премиерот на фејсбук

Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа Влада, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук, откако Владата на денешната седница го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Објавено на

часот

Сподели

„Ветивме – исполнивме. И продолжуваме. На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите: 1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври);  1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април). Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа Влада. Вкупно 7.000 денари повеќе“, истакна Мицкоски.

Премиерот нагласи дека пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка.

„Нема да застанеме тука. Ова е само дел од политиката на грижа, правичност и одговорност за која се обврзавме и која што посветено ја спроведуваме“, додаде Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ