вторник, 20 јануари 2026

Седум и пол години затвор за зетот што физички го нападна семејството на неговата сопруга

Во Основниот суд во Штип денеска е објавена пресудата за обвинетиот С.К. за кривично дело „убиство во обид“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот во Основниот суд во Штип, воедно и претседател на Kривичниот совет, судијата Сашко Георгиев информираше дека на С.К. казната затвор од седум години и шест месеци му е изречена за двајца оштетени, односно за обид за убиство на мајка на неговата сопруга, и нејзиниот брат. Исто така, му е продолжена мерката притвор до отпочнување на издржување на казната затвор.

Зетот од карбинското село Таринци, лани на 3 август во дворот во семејната куќа во населба Баби во Штип, ги нападнал родителите и братот на неговата сопруга. Еден ден по враќањето од Германија, сега осудениот заедно со неговата сопруга и нивните малолетни деца биле на семеен собир кај родителите на сопругата, каде прво започнале вербална расправија. А потоа, како што посочија оштетените, физичката пресметка била со дрвени бркалки, секири, па дури и со метална цевка, за на крај да завршат во болница. Зетот во својот исказ пред судот истакна дека не се чувствува виновен, бидејќи не ги сторил делата кои му се товарат од страна на обвинителството.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ