недела, 1 март 2026

Се зголемува бројот на граѓани кои се обратиле за помош по ситуацијата на Блискиот Исток

Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со сите нив се одржува постојан контакт и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“, велат од Министерството.

Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера беше формиран кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.

За дополнителни информации и помош, на располагање се СОС дежурен телефон (МНРНТ): 075/273-732, Амбасада на Република Македонија во Доха, телефон – +974 50 173 111, Амбасада на Република Македонија во Абу Даби телефон – +971 56 441 7532, Амбасада на Република Македонија во Тел Авив телефон – +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ