петок, 27 март 2026

Се збратимија општините Пустец од Албанија и Кичево од Македонија

Општина Пустец и Општина Кичево денеска потпишаа меморандум за збратимување, како силен израз на пријателство, меѓусебно почитување и заедничка визија за иднината.  

Објавено на

часот

Сподели

Збратимувањето го официјализираа градоначалниците Пали Колефски и Александар Јовановски.

„Збратимувањето помеѓу Општина Пустец и Општина Кичево претставува значаен чекор кон градење трајни мостови на соработка и пријателство, засновани на заедничка историја, заемна почит и искрена подготвеност за заеднички напредок, е заедничката оценка на првите луѓе на општините.

Колефски и Јовановски констатирале дека оваа значајна средба претставува уште една потврда дека пријателските односи меѓу општините можат да се развиваат во цврсти партнерства, насочени кон размена на искуства, меѓусебна институционална поддршка и реализација на заеднички иницијативи во повеќе области од локално значење.

„Преку оваа посета беше испратена силна порака за негување на добрососедските односи, заштита и промоција на културните вредности, како и за создавање нови можности за соработка во сферата на образованието, културата, локалниот развој, туризмот и поврзувањето меѓу граѓаните на двете општини, информираа од општините.

Во рамки на посетата, делегацијата ги посети училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“, црквата „Св. Архангел Михаил“ во центарот на Пустец, каде оддаде почит пред бистата на Гоце Делчев, како и музејот на писателот Стерјо Спасе во селото Глобочани.

Во делегацијата на Општина Кичево, покрај градоначалникот Јовановски, беа и пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, заменик-министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски, како и претставници на граѓанскиот сектор, меѓу кои и Панди Јани и Спиро Малевски, претседател и секретар на здружението „Зошто”, на Македонците по потекло од Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ