среда, 25 март 2026

Се затвора РСЕ на македонски јазик

На 31 март ќе се затвори македонскиот сервис на Радио слободна Европа, објави РСЕ на социјалните мрежи. Радио слободна Европа на македонски јазик работи од 2001 година.

 

Објавено на

часот

Сподели

Се затвора и Радио Машал на паштунски јазик, кој емитува програма за Авганистан и Пакистан.

„Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио слободна Европа не принуди да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме ресурсите. Длабока благодарност за работата на овие тимови“, изјави Стивен Капус, претседателот и извршен директор на Радио слободна Европа.

Лани Доналд Трамп, американскиот претседател, го укина финансирањето на медиумски проекти надвор од САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ