среда, 2 април 2025

Се вратија во Македонија уште двајца повредени во пожарот во Кочани, од лекување во Белгија

Двајца од четворицата повредни при пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои минатата недела беа префрлени во болници во Белгија, по успешното лекување и закрепнување денеска отпатуваа за Скопје, јави дописникот на МИА од Брисел.

Објавено на

часот

Сподели

Минатата среда четири лица повредени во трагичниот пожар во Кочани, со специјален авион на оружените сили на Романија, во координација со ЕУ, беа префрлени на лекување во Белгија и сместени во болници во Брисел, Антверпен и Шарлроа.

Веднаш по најавата за нивно доаѓање во Брисел, голем број македонски државјани кои живеат во Белгија понудија бесплатно сместување и превоз за членови на семејствата на повредените, а амбасадата обезбеди и преведувачи, кои на повредените и нивните роднини им помагаа за превод во комуникацијата со медицинскиот персонал.

„Благодарност до сите наши сограѓани во Белгија кои покажаа силна солидарност и интерес за помош“, порача македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Белевски по повод денешното враќање на двајцата повредни во татковината.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ