вторник, 13 мај 2025

Се уништуваа одземени предмети на кумановската депонија Краста

Агенцијата за управување со одземен имот денеска спроведе акција за уништување на одземени предмети.

Објавено на

часот

Сподели

Од Агенцијата информираат дека акцијата била спроведена на депонијата Краста со која менаџира јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ Куманово.

„Акцијата беше организирана и спроведена од страна на Комисијата за уништување на одземени наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, формирана од Управниот одбор на Агенцијата. Согласно претходно изготвените списоци и одлуки, уништени беа предмети кои не можат да се продаваат поради здравствени, ветеринарни и фитосанитарни ризици, како и значителна количина тутунски и алкохолни производи без соодветна декларација или со фалсификувано потекло“, соопштија од Агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ