недела, 13 јули 2025

Се укинува Агенцијата за туризам, вработените преминуваат под надлежност на Министерството за култура и туризам

Предлог-измените на Законот за туристичка дејност во прво читање го поминаа комисискиот филтер во Комисија за култура и туризам на Собранието. Членовите на комисијата дадоа поддршка на предложените измени и ги проследија на понатамошно читање.

Објавено на

часот

Сподели

Со предложените измени се укинува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што вработените и се останато преминува под надлежност на Министерството за култура и туризам.

Со измените, меѓу другото, се предвидува министерот за култура да го формира советот за промоција и поддршка на туризмот и да се доделуваат субвенции за туризмот.

Според предлагачот, целта на законските измени е институционално унапредување на туристичките политики, зголемена ефикасност и централизирано планирање и синергија меѓу културата и туризмот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ