среда, 28 мај 2025

Се трага по пиштолџијата од Штип што кај Миладиновци ѝ побегнал на полицијата (ВИДЕО)

TВ Стар од Штип објави снимка од синоќешното пукање со пиштол во кафуле во градот при што било рането едно лице. Како што информираа од полицијата, повреденото лице е префрлено во болницата во Штип, а се трага по напаѓачот.

Објавено на

часот

Сподели

Неофицијално, и жртвата и лицето кое пукало се студенти од Турција. Осомничениот бил пресретнат од полицијата кај Миладоновци, но тој во бегство ја пробил наплатната рампа и покрај тоа што полицијата отворила оган. Неколку километри потоа убиецот го напуштил возилото оставајќи го на автопатот. Потрагата е во тек.

На видеото од кафулето во Штип се гледа како осомничениот влегува во тоалет по што излегува и пука во колегата студент по што бега, а други лица се обидуваат да му помогнат на повредениот.

Содржината на видеото е вознемирувачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ