„Имено, странските државјани не треба повеќе самостојно да обезбедуваат потврди од судовите. Проверките по однос на казнена и кривична евиденција ќе ги врши Министерството за внатрешни работи по службена должност во рамки на постапката за одобрување или продолжување на престојот. Со оваа измена се овозможува побрзо и поедноставно спроведување на постапките за регулирање на престојот на странските државјани, при што се скратува времето потребно за прибавување на потребната документација“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд Скопје.
Се скратува времето за регулирање на престој на странците во Македонија, објави Кривичниот суд
Основниот кривичен суд Скопје денеска информираше дека странските државјани кои престојуваат Македонија согласно новите процедури, проверките за казнена и кривична евиденција неопходни за регулирање на престој, повеќе нема да се вршат преку судовите, туку директно од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на
часот





