понеделник, 2 февруари 2026

Се расчистува одронот на карпа на патот Градско – Велес

Екипа од ЈП „Македонија пат “, подружница Велес е на терен и работи на расчистување на поголем одрон од карпа која падна денеска околу пладне на патот Градско – Велес кај поранешната Хемиска индустрија ХИВ.

Објавено на

часот

Сподели

Екипата од вработени  од ЈП „Македонија пат“ од велешката подружница замина на терен со машина скип-багер и веќе работи на расчистување на карпата и оспособување на патот, информира за МИА, Ристе Коџобашиев  раководителот на оваа велешка подружница на ЈП „Македонија пат“.

Одронот на карпа е последица на обилните дождови и лизгавоста на теренот на овој дел од патот Градско – Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ