понеделник, 8 декември 2025

Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“, се апсат лица од УЈП и ДПИ

Во рамки на истрагата за трагедијата во Пулс во Кочани, Обвинителството покрена постапки против повеќе лица за низа кривични дела поврзани со корупција, злоупотреби и фалсификати. Дел од осомничените, според наши извори се лишени од слобода, а за неколкумина, како што дознаваме ќе биде побаран и притвор. Се работи за лица вработени во Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат.

Објавено на

часот

Сподели

Притвор ќе биде баран за Драганчо Паунов, вработен во УЈП Штип, кој се сомничи за кривични дела примање поткуп по член 357 од Кривичниот законик и оддавање службена тајна по член 360. Тој е од Штип и е лишен од слобода. Според нашите информации, мерка притвор ќе биде побарана и за Дуле Димитриев, исто така од Штип и вработен во УЈП Штип, осомничен за примање поткуп по член 357 и примање награда за противзаконито влијание по член 359 од КЗ. И тој е лишен од слобода.

За делата давање поткуп по член 358 и давање награда за противзаконито влијание по член 358-а, осомничен е Михаил Јованов, а постапка е покрената и против Драган Чурлинов за две кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 и фалсификување службена исправа. Тој живее во Гевгелија.

Атанас Чурлинов, исто така од Гевгелија и вработен во УЈП Струмица, се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 и фалсификување службена исправа по член 361. Тој е лишен од слобода.

Лишен од слобода е и Алки Караманолев од Струмица, вработен во УЈП Струмица, осомничен за истите две кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 и фалсификување службена исправа по член 361.

Постапка се води и против Александра Чичанова од Валандово, вработена во УЈП Струмица, за истите две дела – злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 и фалсификување службена исправа по член 361. Во УЈП Штип е осомничен и Никола Тушев кој е лишен од слобода за злоупотреба на службената положба и овластување по член 353.

За истото дело е осомничен и Александар Кангалов, исто така од Штип и вработен во УЈП Штип. И тој е лишен од слобода. Како што дознаваме, В. К. од Кочани е осомничен за оддавање службена тајна по член 360 од КЗ.

Во Пулс Кочани, за фалсификување исправа по член 378 став 4 од КЗ, осомничен е Д. Ј.

Обвинителството продолжува со прибирање докази во рамки на истрагата поврзана со трагедијата во Пулс. Вчера почна судењето против 35 физички и три правни лица обвинети за трагедијата, а спроведена е и истрага за 13 полициски службеници, за кои обвинение треба да биде поднесено следниот месец.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ