сабота, 12 јули 2025

Се продаваат становите на Никола Груевски

Aгенцијата за управување со одземен имот пред неколку дена објави оглас за продавање на пет стана за кои судот утврди дека се во сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски. Становите се конфискувани во случајот „Плацеви на Водно“. Јавното наддавање е закажано за 15 и 16 јули.

Објавено на

часот

Сподели

Се продаваат три станови во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, на улицата „Салвадоре Аљенде“, со вкупна површина од 750 квадратни метри и вкупна проценета вредност од повеќе од 2,4 милиони евра. Се продаваат станови од 155 м² и 95 м² балкон, од 199 м² и 48 м² балкон и стан од 200 м² со 48 м² балкон.

Се продаваат и становите во зградата каде што Никола Груевски живееше, во Општина Кисела Вода. Становите се со површина од 57 и 38 квадратни метра.

Според Закон за управување со одземен имот се забранува учество на членови на семејството на поранешните сопственици во јавни аукции.

Проценката на цената на становите е направена во јануари годинава од Министерството за правда, Бирото за процени (бр.CB/EL V 2/24-20).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ