Претпладнево цистерна, која превезувала нафта излетала од регионалниот пат Гевгелија – Богданци се превртила, по што дошло до истекување на нафта и нејзино палење . ТППЕ Гевгелија брзо стигнала на местото на несреќата и со специјална пена го изгасна огнот кој предизвика силнен црн чад, но во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, но опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум, велат од ДЗС. 







