сабота, 21 март 2026

Се пребарува теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска Река каде во местото викано Ѓошевски во кочанското село Зрновци беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање.

 

Објавено на

часот

Сподели

Жената не е идентификувана, а причините за смртта се уште не се утврдени. Телото е предадено на обдукција, информираа претходно денеска од полицијата и од ЈОРСМ.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЈОРСМ информираше дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. Починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ