На состанокот, како што информираат од Фондот на ПИОМ, се разговараше и се усогласуваа начините на размената на податоците и правната рамка, како и техничките детали за идната електронска размена на податоците.
Целта е да се обезбеди поефикасна соработка и побрзо остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување за граѓаните на Македонија и Австрија.
Подготовката и потпишувањето на Договорот се дел од активностите на Фондот на ПИОСМ за унапредување на соработката со странските фондови и институции, во насока на зголемување на ефикасноста во остварувањето на правата од пензиско и инвалидско осигурување преку електронска размена на податоци.

„Договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност би требало да биде потпишан на средбата на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија што ќе се одржи во Марибор, Словенија, во јуни оваа година“, велат од Фондот на ПИОМ.






