Оваа појава, покрај тоа што претставува суровост кон животните, сериозно го нарушува и јавното здравје, безбедноста на граѓаните, како и функционирањето на објектите од јавен интерес на таа територија. Напуштените кучиња, често нестерилизирани, се размножуваат, гравитираат низ поширокото градско подрачје и го усложнуваат предизвикот на контрола на популацијата на бездомни животни.
ЈП Лајка апелира до граѓаните да не ги напуштаат животните бидејќи тоа е казниво дело согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Советува да пријавуваат вакви случаи до надлежните институции, со можност за доставување видео или фото докази, како и да се информираат за можностите за вдомување, стерилизација и одговорно сопствеништво.
ЈП Лајка во соработка со инспекциските служби ќе ги засили контролите и ќе поднесе пријави против сите лица кои ќе бидат фатени во ваков прекршок.
„Одговорното сопствеништво започнува дома – секое животно заслужува грижа, а не да биде оставено на улица. Само со заедничка одговорност можеме да изградиме хумано и безбедно општество“, се вели во соопштението на Лајка.