сабота, 12 јули 2025

Се помалку првачиња во општина Дебар

Години наназад се намалува бројот на првачиња и тој негативен тренд во државата го има и во Дебар каде што и оваа година е опаднат бројот на ученици запишани во прво одделение.

Објавено на

часот

Сподели

Според списокот од матичната книга на родени на МВР, првпат во ученичка клупа во трите деветолетки во општина Дебар треба да седнат 150 првачиња, што е за околу 15 отсто помалку споредно со минатата учебна година, но според податоците запишани се 106 првачиња.

„Во нашата образовна институција, во учебната 2025/2026 година треба да се запишат 83 првачиња на двата наставни јазика. За настава на македонски наставен јазик треба да се запишат 23 првачиња од кои пет во подрачното училишпте во село Џепиште, додека 60 за настава на албански наставен јазик. Запишани се вкупно 57, од нив 43 за настава на албански, 14 на македонски наставен јазик“, рече Ајет Мулареџа, директор на ООУ „Пенестија“.

Според, Арсим Мифтари, директор на ООУ „Саит Најдени“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик, запишани се 22 првачња од предвидените педесетина.

Во ООУ „Ристе Ристески“ во Долно Косоврасти и двете подрачни училишта, во Горно Косоврасти и Могорче запишани се 27, што е за 13 првачиња помалку од предвидениот број.

„Според списокот добиен од соодветните служби во новата учебна година треба да се запишат 40 првачиња. Гледано одделно, во подрачното училиште во Могорче запишани се 10, во Горно Косоврасти девет и во училиштето во Долно Косоврасти осум првачиња. Тоа значи дека незапишани се 13“, рече директорот Шанија Ајроски.

Пред бранот миграција што ја зафати општината во училиштата имаше околу 500 првачиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ