Минимално зголемување на нивото од три сантиметри во споредба со вчерашното има реката Треска на мерното место кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања каде водостојот е зголемен за четири, односно за два сантиметра, и Струмица кај Коњарево каде нивото е повисоко за три сантиметри.
Најголемо зголемување на водостојот од 24 сантиметри има реката Струмица кај мерното место Сушево, за 20 сантиметри во споредба со вчера е зголемено нивото на Црна Река кај Р. Б. Мост, а за 18 сантиметри на Брегалница кај Штип.
Водостоите, пак, на трите природни езера во земјава се исти како вчера.
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,59 метри надморска височина. Тоа е за 20 сантиметри над просекот за февруари утврден на 693,39 метри надморска височина или 49 сантиметри над дозволениот минимум (693,1).
Добрата кондиција на водостојот на езерото е последица на интензивните врнежи во регионот изминатиот период.
Инаку, минатата година на денешниот датум нивото на водата во езерото се наоѓаше на котата 693,16 метри надморска височина или 23 сантиметри под месечниот просек.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата изнесува шест степени или половина степен пониска од месечниот просек.






