понеделник, 8 декември 2025
Негативен природен прираст и во второто тримесечје

Се намалува бројот на новородени, расте бројот на починати

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1.135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот перид лани е намален за 4.2 %.

Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1.2 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.876 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.792 бракови и нивниот број е зголемен за 8.1 % во споредба со  истиот период од 2024 година, а регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува зголемување од  0.4 % во споредба со истиот период од 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ