понеделник, 2 февруари 2026

Се излеа Калковска Река, затворен патот Удово – Валандово

На патниот правец Удово – Валандово утрово од 05:25 часот е воведена забрана за сообраќај поради излевање на Калковска Река. Сообраќајот се пренасочува на патниот правец село Марвинци – Валандово.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека поради што видливоста е намалена до 100 метри.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци на кашест снег на некои повисоки места поради што се препорачува внимателно возење.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ