„Се прави се што е во наша моќ за истите целосно да се изгаснат. Во акцијата се вклучени, 3 БТР, 1 хермелин, 5 пинца, 3 возила на ТППЕ, 1 камион на шумско стопанство, 30 лица на терен, како и 2 авиона за гаснење пожари. Се соочуваме со два сериозни пожара на непристапни и ризични терени, кои се предизвикани од човечка рака. Се апелира за совесност и одговорност, бидејќи подметнувањето пожари претставува директна закана за природата, луѓето и материјалните добра“, напиша Јанчев на Фејсбук.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев преку неговата Фејсбук страница
Се интервенира на подметнатите пожари кои зафатија тешко достапни локации на Тиквешко езеро
Се интервенира на подметнати пожари кои зафатија сериозни и тешко достапни локации на Тиквешко езеро, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, преку неговата Фејсбук страница.

Објавено на
часот





