среда, 24 декември 2025

Се демонтираат реквизитите, се затворија куќарките и се гаси струјата на Зимзоленд (ФОТО)

Во забавниот парк Зимзоленд во Ново Лисиче во Скопје почна процесот на затворање и демонтажа на поставените реквизити, а во моментов се исклучува електричната енергија и сите куќарки се затворени за посетители.

Објавено на

часот

Сподели

На терен може да се забележи многу опрема, реквизити и монтажни елементи, кои се подготвуваат за отстранување. Лицата ангажирани на демонтажата велат дека постапуваат согласно добиени инструкции и дека им е наредено целосно да ги расклопат реквизитите и да ги подготват за транспорт. Се очекува пристигнување на камиони со кои опремата ќе биде изнесена од просторот.

Процесот се одвива етапно, односно прво демонтирање на електричните и механичките делови, по што следи расчистување на теренот.

Во меѓувреме, дел од жителите кои живеат во непосредна близина на Зимзоленд коментираат дека за време на функционирањето на паркот имале повеќе проблеми. Како што велат, најчести биле поплаките за гласната музика, особено во вечерните часови, како и за сообраќајниот метеж и недостигот од паркинг простор.

„Имаше денови кога беше невозможно да се паркира во маалото, а бучавата траеше со часови“, коментираат дел од жителите, додавајќи дека очекуваат со затворањето на паркот состојбата да се нормализира.

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески за МКД.мк вчера посочи дека по два неуспешни обиди за врачување на решението истото им било доставено по пошта, а потоа тече рокот за да се отстрани овој објект.

К.Д.

Фото: П.Џ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ