петок, 19 декември 2025

Се чека судската разрешница за долгот на Македонски железници-транспорт кон хрватската компанија ЦИОС

На 30 октомври ќе се одржи првото рочиште по тужбата на хрватската компанија ЦИОС (CIOS) за долгот на Македонски железници – транспорт АД Скопје од околу 23 милиони евра. Се работи за долг кон Хрватски железници карго, кој ЦИОС го откупува во 2011 година, а во 2023 година покренува судски процес.

Објавено на

часот

Сподели

Официјалниот став на македонските надлежни институции е дека ќе се чека на судската разрешница во која ќе се бара објаснување за методологијата според која ЦИОС го пресметал основниот долг од 3,8 милиони на 25 милиони евра.

Интересите на државата во овој судски процес ќе ги брани Државното правобранителство.

Компанијата ЦИОС (CIOS) Загреб, станала формален доверител на долгот во 2011 година, кога на јавен тендер го откупила побарувањето гарантирано од Хрватски железници карго. Од тој момент, ЦИОС постојано упатува иницијативи за спогодба и предлози за прекин на каматата, секогаш во согласност со правилата за пресметки на Меѓународната железничка унија (UIC). Сепак, институциите во Македонија веќе повеќе од една деценија не реагираат и не влегуваат во процес на преговори.

Согласно Планот на поделба на Македонски железници, верификуван со Одлука на Владата од 8 мај 2007 година, долгот за железнички превоз кон странски железници – за периодот 1991–1995 и понатаму од 1996 година – ѝ припаднал на ЖРСМ транспорт АД Скопје. Во документот јасно е наведено дека главницата изнесувала 3.842.386 евра, а со камати на 31 август 2023 година достигнала цели 25 милиони евра.

Во истиот план стои дека сите други долгови од тој период – освен со Хрватска и Бугарија – биле решени преку посредство на Меѓународната железничка унија (UIC) од Париз, која во случајот има и улога на гарант на обврските. Спогодбите биле прифатени со отпис на камати и намалување на главниот долг за 51%, поткрепени со државна гаранција за плаќање.

И покрај ваквите примери на успешно решени спорови, македонската држава две децении не презема мерки за решавање на долгот кон Хрватска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ