петок, 9 мај 2025

Се чека средбата Мицкоски – Таравари, за Вреди нема дилеми дека АА треба да ја напушти Владата

Од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски велат дека по 1 мај тој ќе има средба со Арбен Таравари, кој е министер за здравство и претседател на партијата Алијанса за Албанцице која неодамна ја напушти коалицијата Вреди која е дек од владиното мнозинство. Вицепремиерот Изет Меџити, пак, од коалицијата Вреди вели дека АА треба да пресече дали ќе оди со ДУИ или ќе остане во Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Во моментов премиерот има редовна комуникација со членовите на Владата, а средба поврзана со тоа дали Алијансата за Албанците и министерот за здравство Арбен Таравари ќе останат дел од Владата се очекува да има по 1 мај, велат од премиерскиот кабинет и додаваат дека Владата си работи редовно, а доказ за тоа била и последната владина седница на која не присуствувал Таравари, но присутен бил Арбен Фетаи кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците.

Превирањата во коалицијата Вреди се префрлија во Владата откако Таравари одлучи дека на локалните избори ќе оди сам, а не исклучи и евентуална соработка со ДУИ за време на вториот круг. За Меџити ова е неприфатливо.

Или со ДУИ или во Владата, изјави Меџити. „Не може да седи на две столчиња. Таравари треба да реши дали ќе остане верен на принципите на Вреди заради кои влегоа во Владата или ќе соработува со интегративците на Али Ахмети. Владиното мнозинството е стабилно и единствен проблем е Таравари и неговата Алијанса“, вели Меџити.

Според него соработка со Демократската унија за интеграција (ДУИ) не е можна.

Коалицијата Вреди веќе го почна процесот на формално обединување во една, нова политичка партија. Викендов донесена е и одлука новата партија да ја раководи претседателство од 23 члена, кое ќе биде составено од претставници од сите партии од коалицијата.

Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, која е член на АА, изјави дека членовите на Владата од Алијансата на Албанците предводена од Арбен Таравари засега остануваат во владиниот тим и оти работата во извршната власт продолжува нормално.

„АА е во Владата, нема планови за промена на нашите позиции во Владата. Продолжуваме со работа, секојдневно, како ништо да не е сменето. Имавме владина седница на која не беше кажана ниту една загриженост“, рече Фетаи и потврди дека премиерот Христијан Мицкоски наредните денови ќе има одделни средби со коалициските партнери АА, Вреди и ЗНАМ.

„Таравари има секојдневни контакти со премиерот Мицкоски и коалициските партнери. Соработката во Владата продолжува. Ние продолжуваме да ја работиме нашата работа, како ништо да не се случило. Засега ништо не е променето до консултациите што се очекуваат да се случат во наредните денови. Верувам дека нема простор за еднострани потези од ниту една партија и дека мора да се размислува за стабилноста на оваа Влада. АА со своите петмина пратеници е клучна за стабилноста на овој состав“, рече Фетаи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ