„За починатиот пациент, ја добивме целокупната документација од извршениот надзор од комисијата од Министерството за здравство и од кај матичниот лекар. Ние веќе имаме формиран предмет, постапуваме и во контакт сме со истражителите коишто работат на предметот. Моментално го чекаме обдукцискиот протокол“, изјави шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани.
32-годишниот кумановец Ведат Адеми, ненадејно почина на 17 март во општа болница Куманово, откако примил терапија за која семејството вели дека бил алергичен.