сабота, 20 декември 2025

Се чека на новите мерки за цените на прехранбените производи

Во тек е креирањето на мерките со кои Владата би им излегла во пресрет на граѓаните за високите цени на прехранбените производи во маркетите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а покренати се дури и одредени постапки.

Објавено на

часот

Сподели

„Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно ДПИ и Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, дури има одредени постпаки што се почнати и покренати“, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци.

Тој потсети дека пред почетокот на учебната година се воведе т.н. училишна кошничка со која се намалија цените на голем дел од производите што ги користат учениците. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ