Како што соопшти Јавно обвинителство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Лицето на 6 мај годинава со алат и физичка сила ја скршило вратата од кафе-бар во еден трговски центар и одзело повеќе шишиња алкохолни пијалоци во вкупна вредност 25.664 денари.
На 23 мај по полноќ, тој исто така насилно влегол во билијард клуб и од касата одзел 28.692 денари.
Потоа на 25 мај наутро одзел уште 2.000 денари од касата во продавница во која влегол кршејќи ја вратата, а еден ден подоцна, на сличен начин, 2.000 денари одзел и од кутијата за пари во автомат за кафе во сопственост на правно лице.