недела, 14 декември 2025
ОЈО Скопје отвори постапка

Се бара притвор за четворицата кои крадеа биста од гробиштата во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.

Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место.

Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат. Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ