„Во кое својство и зошто токму Орце е одбран кога нема никаква врска со маратонот?Одговорот е јасен кога е во прашање валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговиот партиски другар од Министерството за спорт, Борко, решил да му потпомогне на Орце во изборната трка и да го го претстави како голем љубител на спортот кој го отвора Скопскиот маратон.
Ова е дрско кршење на изборните правила и ги потврдува лажните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за фер кампања. СДСМ и коалицијата најостро реагираат на оваа злоупотреба и ќе ги известат сите надлежни задолжени за следење на кампањата.
И една порака до уплашеното ДПМНЕ, дајте барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, народот слободно оставете го да одлучува“, реагираат од СДСМ.

Освен за улогата на Ѓорѓиевски на Скопскиот маратон, од СДСМ имаат забелешка и за присуството на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ во Кривогаштани.
„Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствивал на партиски состонок за изборите во партиски штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани“, се наведува во соопштението на СДСМ за овој случај.
„На истиот состанок присуствувал и полицискиот инспектор при ОВР Прилеп, Сашо Јосифоски, што претставува директно кршење на Законот за внатрешни работи. Очигледно партизираната полиција на Тошковски е целосно ставена во функција на ВМРО-ДПМНЕ, наместо на изборниот процес. Ова е флагрантна злоупотреба на институциите во партиски цели“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, министерот Тошковски, наместо да гарантира независност и професионалност на полициските структури, ја претвора полицијата во сервис на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ бара разрешување на полицискиот инспектор, суспензија, дисциплинска постапка и одговорност од Тошковски. Полицијата мора да биде во служба на граѓаните, а не во служба на ДПМНЕ.Македонската јавност веќе еднаш видела што значи партизирана полиција – притисоци, закани и злоупотреби во изборен процес. Тоа нема да се дозволи повторно“, порачуваат од СДСМ.






