„После две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници тешко живеат, бидејќи вредноста на синдикалната кошница порасна на 66.000 денари.
Второ, периодот од покачување на платите минимално и тоа за две години од сега не е одговор на потребите на работниците на кои платите да им се покачат сега, оваа година.
Околу 200.000 работници моментално земаат плата под 30.000 денари, што ја продлабочува сиромаштијата и го поттикнува иселувањето на младите и квалификуваните.
Затоа минималната плата треба да се покачи за сите вработени, во јавниот сектор, во приватниот сектор и приватните компании, фабриките, конфекциите“, реагираат од СДСМ.
Од партијата велат дека решението на СДСМ е реално, одржливо и целосно ги задоволува потребите на сите работници кои земаат минимална плата – сега и веднаш. Тврдат дека со решението на СДСМ минималната плата би се покачила за 50%, односно за 12.000 денари и тоа веднаш.
„Само со ребаланс на буџетот и кратење на луксузот на власта, како коли, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и за поддршка на приватните компании да не им се загрози ликвидноста.
Власта го избра својот луксуз пред животните, егзистенцијални потреби на работниците. Владата на Мицкоски ги изигра работниците“, сметаат од СДСМ.






