„Политичките пресметки се врз грбот на граѓаните на Скопје, затоа скопјани немаат превоз, немаат град. ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на град Скопје, но секогаш советниците ги кочат одлуките на штета на граѓаните. Управниот одбор на ЈСП исто така е на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз. Нема ниту М од модерно Скопје. Ги нема ветените 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше пред скопјани а го нема ниту бесплатниот превоз. Само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска.
Јасно е ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемие виновници за катастрофата која што му се случува на ЈСП и на целиот град“, се наведува во соопштението на СДСМ.






