сабота, 5 јули 2025

СДСМ: МВРО набавува сомнителен софтвер за прислушување и го партизира РЕК Осломеј

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки. Повторно воспоставување на режимските практики, на контрола преку заплашување и прислушување на новинари, активисти и неистомисленици на власта. На почетокот на мај МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди, изјави денеска Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Дали следењето и прислушкувањето новинари, активисти и политички неистомисленици се таргет на МВРО-ВМРО? Софтверот ‘Селебрајт Инсајтс Про’ како и ‘НовиСпај’ се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно информативна агенција. Проблематично е тоа што во светските медиуми и официјални соопштенија на Гугл, за овој софтвер се наведува дека бил користен за следење на новинари и активисти.

МВР набавува годишна лиценца за софтвер Cellebrite Inseyets Online Pro, годишна лиценца за Recon ITR, Recon Lab, Exterro FTK Enforcement Bundle за 9 милони денари.

МВР должи одговори на јавноста“, рече Илиевски.

И портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска обвини на масовна и груба партизација при вработувањата во РЕК Осломеј.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува масовна, бртутална партизација на институциите преку нова серија вработувања со партиски списоци. Свиркачи до СДСМ доставија интерен список за вработување на 50 лица во РЕК Осломеј. На списокот има членови на општински комитети, но и роднини на активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Без јавен конкурс, без јасни критериуми, без стручна селекција. Единствениот услов за вработување е партиската книшка и фамилијарната поврзаност со власта. РЕК Осломеј, стратешки важна енергетска точка, наместо да биде дел од стабилен енергетски систем, власта го користи како алатка за партиски вработувања на грбот на народот. Сите ветувања за мерит-систем, професионализација и правична држава се фрлени во вода“, изјави Кузеска и ка повика Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да отвори предмет по сопствена иницијатива и ЕСМ да ги поништи сите незаконски вработувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ