„Косово стана првата земја која прифати одбиени мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, ‘Дојче Веле’ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. ‘Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани’, пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава.
Ова е вистината!“, категорични се од СДСМ, потвдрувајќи госвојот став со реторички прашања: „ Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже? Кој лаже? Власта на Мицкоски“.
Во СДСМ изведуваат заклучок дека Владата нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра и очигледно сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра, а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат НЕ за мигранти , НЕ за загрозување на безбедноста на државата“, порачуваат од СДСМ во соопштението.
На ваквите заклучоци на СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат со партиско соопштение дека „СДС секојдневно пробува да дојде до некакво медиумско внимание преку ширење на лажни вести, шпекулации и невистини“
„Како расипана плоча или касета која врти во круг, СДС во безидејност, без програма, без идеја, без аргументирана критика, растура пердуви во јавноста.
Еве денес, по не знаеме веќе кој пат, како ВМРО-ДПМНЕ, а вчера и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, веќе демантираше дека ќе има мигранти во Македонија, повторно им кажуваме на СДС – мигранти во Македонија нема да има!“, ги демантираат од ВМРО-ДПМНЕ повторно гласиштата за вдомување мигранти во Македонија.






