„Со толку ниско ниво на минимална плата работниците се доведени до работ, бидејќи не можат да ги покријат трошоците за основни потреби на своите семејства, за храна и за сметки.
Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра, а има за лукзсузирање со владиниот авион, за мебел и возила за функционерите, има за криминални тендери…
Дури и авионот не сакаат да го тргнат, сè уште стои во буџетот сумата од 124 милиони денари, доволен за рата. Ќе измислат и лизинг поради колената.
Само за работниците нема пари.
Очигледно работниците не се вклопуваат во бизнистот на Мицкоски, кој времето го мери на скапи часовници од 60 илјади евра, кои вредат колку 150 минимални плати.
Не сака Мицкоски поголеми плати за работниците, сака само тендери“, реагираат од СДСМ за денешната одлука на ЕСС за зголемување на минималната плата за 1.600 денари.






