среда, 9 април 2025

СДСМ утре избира претседател на партијата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре ќе ги одржи директните внатрепартиски избори за претседател на партијата кои беа одложени поради трагедијата во Кочани. Единствен кандидат за претседател на партијата е актуелниот лидер Венко Филипче.

Објавено на

часот

Сподели

Од СДСМ велат дека таа е единствена партија којашто претседателот го избира на непосредни, внатрепартиски избори.

„Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката, на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 8 до 20 часот. Централната изборна комисија го потврди и го затвори Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 23.712 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и сѐ што е потребно за изборниот ден. Сите активно регистрирани членови на СДСМ ќе можат да го остварат своето право на непосредно и тајно гласање за избор на претседател во својата општина на соодветно гласачко место. Членовите што гласаат, со себе задолжително треба да ја има електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација (лична карта или пасош)“, соопштија од СДСМ.

Денеска пак гласаат болните и немоќните членови на оваа партија.
Единствен кандидат за претседател на партијата е актуелниот лидер Венко Филипче.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ