„Нема дно до кое ВМРО-ДПМНЕ и Миле Лефков нема да паднат во своите очајнички обиди за дефокус од неспособноста да се справат со пожарите“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Од партијата тврдат дека лицето на фотографијата не е приведениот за подметнување пожар, туку сосема друг човек, кој се презива Барабановски.
„Ова е класична политичка монтажа и опасна манипулација“, велат од СДСМ.
„Во нормална демократија, пратеник кој јавно изнесува лажни обвинувања врз основа на монтирани фотографии би си поднел оставка. Но не и Лефков. Тој продолжува да ја труе јавноста со лажни вести, дури и по цена на нарушување на истрагите и спинови на сметка на човечки животи“, се додава во реакцијата.
СДСМ најави тужба за клевета и повика Јавното обвинителство веднаш да отвори предмет.
Од партијата апелираа и до медиумите да не дозволат да бидат злоупотребени како алатки за, како што велат, ширење лаги и конструкции на ВМРО-ДПМНЕ.






