„Во своето срамно интервју на ТВ21, Славески изјави дека минималната плата не гарантира пристоен живот и дека ‘не е срамота да се работат по две-три работи“. Тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, земал плата над 3000 евра, и сега ги поучува граѓаните дека не треба да очекуваат повеќе – туку да се распарчуваат на три фронта за да преживеат.
Трајко Славески очигледно не знае дека не се сите како него. Не се сите на државна плата, не се сите родени со функција и поврзани со елитата. Народот што секој ден се бори со инфлација, со скапа храна, со растечки трошоци, не може да живее од советите на Славески. На граѓаните им треба реална плата и заштита од кражбата на маркетите“, велат од СДСМ.
Според СДСМ, отпорот на Славески кон замрзнување на маржите и цените значи едно: поддршка за профитите на трговските синџири, а не за интересите на граѓаните. Од партијата сметаат дека со вакви изјави, јасно е дека Трајко Славески ќе биде гласноговорник на богатиот слој што живее во паралелна реалност.
„Македонија не смее да има гувернер кој со презир зборува за оние што живеат од минималец“, порачуваат од СДСМ и упатуваат прашања до премиерот Мицкоски.
„Дали Мицкоски ги дели ставовите на Славеси или токму тој го инструира вака да зборува и да ги потценува граѓаните? Дали поддржува гувернер кој мисли дека борбата за достоинствен живот е ‘извртување на значењето’? Како претседател на Советот го уништи градот Скопје, сега како гувернер очигледно ќе ја уништува и моинетарната политика. Трајко Славески не е човекот што и треба на Народната банка, а уште помалку на македонскиот народ“, се наведува во реакцијата на СДСМ.