„Договорот што го склучила е за чистење и одржување на хигиена. Фирма без работници, без претходно реализирани договори, без искуство. Во моментот на аплицирање, оваа фирма не ги исполнувала основните услови наведени во тендерската документација.Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години. Па дури и немале техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана. Како?Со тоа што во групната понуда се појавува подизведувачот „Серта“, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената. Сомнително?“, се прашува и воедно се одговара во соопштението на СДСМ.
Понатаму се вели дека само дваесетина дена откако фирмата го добила милионскиот тендер од Пошти, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик станува Сашо Петровски.
„Како фирмата да била основана исклучиво за да го добие тендерот. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот. Но, извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода. Дали е истото лице, што мислите? Фирма поврзата со ЗНАМ.
ВМРО и ЗНАМ си делат милионски тендери додека нема пари за плати и пензии, нема за минимална плата. АКТ продолжува со откривање на сите скандали, на сите криминални тендери за испумпување на парите на граѓаните“, се вели во денешната објава на СДСМ.






