„Никогаш се нема јавено за ниските плати на работниците или за поскапувањата, ама денеска се јави, сака уште поголем, уште полуксузен авион“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ истакнуваат дека сите овие барања за луксуз, како авиони и бизнис класа, се на сметка на граѓаните, додека за минималните плати и животниот стандард на работниците не се зборува.
„600 евра минимална плата за нив е премногу, авионите им се мали“, велат од партијата.
Партијата дополнува дека летот со владиниот авион може да чини и до 40 илјади евра, додека карта во економска класа за истиот лет е далеку поевтина.
„Освен ако и неа како Мицкоски не ја болат колената па да треба и за неа бизнис класа со карта од 4000 евра“, додаваат од СДСМ.
Во соопштението се прашува дали Сиљановска ги консултирала другите претседатели за ниските плати и животниот стандард на македонските граѓани, истакнувајќи дека темата за луксузот и авионите се во прв план, додека проблемите на граѓаните остануваат занемарени.
„Срамота!“, се заклучува во соопштението на СДСМ.






