недела, 7 декември 2025

СДСМ: Штетите врз земјоделците се огромни по суспензијата на ИПАРД, власта да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците, и јавноста. Но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски, кој три дена се крие од јавноста. Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД-средствата кои се сега суспендирани, се додлеуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат за секој проект, наведе портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова значи дека сите оние кои досега започнале со инвестицијата, веќе вложиле свои средства или средства од кредити за половина инвестиција, а сега остантите 50% заради корупцијата на власта нема да им бидат исплатени. И не се знае кога и дали ќе бидат воопшто исплатени.

Прво прашање што мора да го одговори итно власта е: Колку корисници веќе имаат потпишано договори и имаат вложено свои средства? Што ќе преземе владата за да ги заштити овие луѓе, бидјеќи е јасно дека заради корупцијата на луѓето на Трипуновски и Мицкокси тие се оштетени?“, праша портпаролката на СДСМ, Кузеска.

Таа нагласи дека ваквите суспензии може да траат две до три години, а прашање е според неа, дали воопшто ИПАРД – програмата по ваков скандал ќе продолжи.

„Ова е страшен удар за македонското земјоделство и развојот на државата! Ова е срам нанесен во европкските институции и на меѓународната сцена. Само за потсетување, во периодот од седум години кога СДСМ ја водеше програмата, ИПАРД беше ‘најуспешната приказна во државата’, со 2.369 реализирани инвестиции и целосна искористеност на европските средства.

Ова што денес се случува на секое поле е резултат на партизација, клиентелизам и злоупотреби за кои од првиот ден зборуваме. Сѐ што ДПМНЕ ветуваше како поддршка за земјоделството, сега се претвора во неизвесност и ризик“, вели Кузеска.

Затоа СДСМ бара: итно објавување на сите документи и извештаи поврзани со програмата ИПАРД, бројот на корисници и извештај за ризикот кој е настанат како резултат на корупцијата. Истовремено од опозициската партија се бара итна оставка од министерот за земјоделство, Трипуновски и сите назначени лица кои биле дел од овој процес кои може да бидат компромитирани.

„Јасно е дека корупцијата е длабоко влезена во целиот систем и мора одговорност да има од сите инволвирани“, порачуваат од СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ