сабота, 28 март 2026

СДСМ: Савески почна со скандал, предложи обвинителка од „тефтерчето“ на Мијалков

Скандалот на почетокот на мандатот на новиот јавен обвинител Ненад Савески, кој требаше да биде независене и да биде гарант на правдата е сериозен аларм за она што се случува. Уте не почнат со работа, а веќе имаме скандал, обвини денеска на прес конференција Саша Димитријевиќ од СДСМ, откако Савески вчера, на седница на Советот на јавни обвинители за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје ја предложи Јасмина Костеска Здравеска.

Објавено на

часот

Сподели

Од СДСМ велат дека Името на Костеска-Здравеска не е непознато.
„Таа се споменуваше во разговорите од ‘бомбите’, во комуникација меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, каде се договара нејзиниот избор. Нејзиниот сопруг исто така, дел од процесот за лустрација на Славко Јаневски. Еве вака почнува мандатот на новиот обвинител.  По теркот на Никола Груевски, со договорени судии и обвинители од ‘тефтерчето’, кое граѓаните многу добро го паметат“, рече Димитријевиќ.
Тој праша дали оваа одлука е самостојна на обвинителот Савески или е уште една задача дадена од премеирот Христијан Мицкоски.
„Затоа што веќе видовме, Мицкоски од собраниска говорница му дели задачи на јавниот обвинител. Советници на власта и сопруги на функционери на ВМРО се избираат за судии. Се води кампања против СЈО за уривање на пресудите и враќање на Никола Груевски. Се подготвуваат нови кампањи преку Боки 13 и Катица Јанева, со веќе видени сценарија. Се спроведуваат црни кампањи и јавен линч против опозицијата. Се враќаме во 2016 година! Духот на Сашо Мијалков и Никола Груевски не само што е присутен, тој повторно живее во институциите. Но граѓаните веќе еднаш го победија тој систем. Ќе го победат повторно“, рече Димитријевиќ на денешната прес конференција.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ