понеделник, 8 декември 2025

СДСМ почна со серијал од прес – конференции за скандали на власта: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски. Фирмата „Дигитал оне“,  формирана на крајот на август, лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од скоро девет милиони евра, народни пари, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, се наведува во партиското соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

„И сите овие тендери се со владини и државни институции, во период од мај 2025 до денес, ноември 2025. Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно.

Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте – двајца вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните. Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори“, потенцира Димитријевиќ на прес-конференцијата.

Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра.

„Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добие речиси 9 милиони евра?

Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е?

И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски?

Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага“, повикуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжат да говорат.

„Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите. Мицкоски е само негов ученик и извршител.

Предупредуваме, инситуциите да дејствуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш! За сите!

Крадењето мора да престане, веднаш!“, порачуваат од СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ